ПОРАЗ НЕМААТ ОД ЛАНИ

Пинг-понг: Младост 96 е есенски шампион на Македонија

PPK Mladost 96

Доминација на екипата Младост 96 во Супер лигата на Македонија. Прва е по есенската полусезона со 9 победи на 9 меча, освојувајќи ги сите 18 бода. Убедлива разлика: добиени 36, загубени само 7. Според статистиката, Србинот Стефан Костадиновиќ доби 10 партии, а една загуби, кривопаланчанецот Кристијан Станојковски 10 победи и 2 пораза, штипјанецот Петар Костовски 8 победи и 1 пораз. Придонесоа и прилепчаните Александар Рикалоски и Андреј Лашкоски. Екипата располага со квалитет над сите. Нема пораз од лани (27 октомври 2019, кога со 4:1 подобар беше Младост). Се очекува напролет да атакува и на шампионската титула.

Одлична беше и Младост, со 8 победи и 1 пораз од Младост 96 со 4:1. И овој тим не е отпишан во борбата за првото место.

Табела:  Младост 96 – 18, Младост 17, Шампион ФА 16, Крива Паланка, Вардар, Нец 2 и Работнички 13, Радовиш 12, Нец 11, Струга 9.

Loading