Археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај селото Славеј се најде на страниците на книга од оксфордска издавачка куќа Oxbow Books. Објавени се предисториските тумби, меѓу кои и за неолитските тумби во Пелагонија.
-Се гледаат пелагонските тумби рамо до рамо со оние во Тесалија, Анадолија и долината на Еуфрат. Врбјанска Чука е како една од најмладите ,,ќерки,, на оваа фамилија населби со милениумска традиција – напиша на ФБ, Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата.
Неодамна се објави труд во списанието Антиквити од Кембриџ. Сумирани се сознанијата од ланското археоботаничко проучување на археолошките контексти и органските остатоци од неолитските градби во Врбјанска Чука.