КОНЦЕРТ НА САНДРА МИТРОВСКА И ДАМЈАН ПОПОВСКИ

На 29 октомври од 19 часот во фоајето на ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе се одржи концерт на сопрано Сандра Митровска и тенорот Дамјан Попоски, во соработка со пијанистот Јанинка Невчева. На програмата се дела од Пучини, Штраус, Чилеа, Вагнер, Чајковски, Лехар.

Митровска е дипломец на Музичката академија во Скопје. Се доусовршувала под менторство на тенорот и педагог Стојан Стојанов Ганчев во Загреб. Настапувала на гала оперски концерти. Добитник е на повеќе награди.

Попоски е дипломец од Њу Јорк. Ги продолжил студиите, работејќи со врвни имиња од оперскиот свет. Во НОБ дебитира во улогата на Малком во Магбет. Настапувл. и во Америка, Канада, Италија, Германија и Грција.

Соработникот Невчева завршила студиите на ФМУ во Скопје. Се усовршувала пет години во Париз за камерната музика и соло репертоар за пијано. Работи во НОБ и настапувала низ земјава и странство.

Loading