ИМАГИНАЦИЈАТА НА ЕЛЕНА АНДОНОСКА ПРЕТОЧЕНА ВО ЗБИРКА

andonovska,,Имагинација,, е прва книга, збирка поезија со 55 песни на Елена Андоноска пишувани подолг период. Песните се пони со ентузијазам и фантазија. Оттука е насловот, а најмногу одпрвата песна, насловена ,,Имагинација,,.

-Мотив е љубовта, неостварената тинејџерска, љубовта кон баба ми, љубовта кон животот… Инспирација добивав од секојдневниот живот, најчесто набљудувајќи ги луѓето во обид да раберамкако се чувствуваат во некои момент. Се водев и според моите чувства, доживувања, она што ме опкружува и исполнува. Сето тоа го споив со мојата имагинација која е нераскинлив дел од нашите животи. Од неа почнува сé, само треба се користи за добри и убави работи. Тоа што го сакаме треба да го замислиме, да веруваме дека ќе се случи  и да работиме да се оствари. Имагинацијата игра важна улога во животот. Нема откажување од неа, бидејќи животот ќе е бесмислен и здодевен – потенцира поетесата.

Андоноска студира на Медицинскиот факултет во Скопје. Учествувала на многу домшни и меѓународни натпревари за поезија и проза. Добитник е на бројни награди.

Loading