ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (71)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

За времето на колективот во с. Марул имаше фудбалско игралиште во оградата Колеска на долниот крај на оградата со поставени дрвени стативи. Културен референт на фудбалската екипа беше Новачески Јован. Се играше фудбал во времето кога ќе одговараше и на сите државни верски празници. Немаше забелешка кој колку знае да игра или го влече фудбалот. Таква беше политиката да се интелегинира младината за се и сешто како писмено, исто така и спортски.

Покрај тренерот Јован беа и следните играчи за фудбал: 1. Атанасоски Алексо; 2. Василоски Алексо; 3. Василоски Петре; 4. Анѓелески Живко; 5. Јованоски Божидар; 6. Јованоски Душан; 7. Јошески Киро; 8. Бошески Трајче; 9. Дојчиноски Благоја; 10. Павлески Аце; 11. Павлески Јованче; 12. Павлески Коле; 13. Павлески Мирко; 14. Колески Ванчо; 15. Колески Благоја; 16. Мурџески Атанас; 17. Мурџески Ѓорѓија; 18. Петрески Алексо; Петрески Димитрија; 20. Петрески Митре; 21. Петрески Томе; 22. Танески Богоја; 23. Танески Китан; 24. Мурџески Богоја не беше во колективната заедница, а секогаш беше присутен на фудбалска утакмица кога ќе си дојдеше од занает од Прилеп.

Од сите овие горе наведени изграчи се одбираа најдобрите играчи против фудбалските екипи од соседните села, дали се играло на наш домашен терен или пак гостувала марулската фудбалска екипа во некое од соседните села Бонче, Подмол, Лопатица, Штавица, Рувци и други села. По расформирањето на Селската земјоделска задруга во с. Марул во 1953 година, фудбалските стативи во Колеската ограда стоеја до 1955 година. Често пати ние учениците распуштени од училиште одевме се нишавме на стативата во Колеската ограда.

Пред да започни новата фудбалска сезона во тополечката општина во 1963 година ние, одреден број омладинци од с. Марул се организиравме и пријавивме фудбалски клуб по името Веслец. Поради што немаше свој домашен терен да одговара за играње фудбалски натпревар за наш домашен терен ни беше одредено Ерековското фудбалско игралиште.

Регистрирани фудбалери за ФК Веслец од с. Марул: 1. Анѓелески Борис; 2. Атанасоски Сребре; 3. Василески Трајче; 4. Јованоски Анѓеле; 5. Јованоски Петре; 6. Јовчески Томе; 7. Јошески Дончо; 8. Митрески Ристе; 9. Павлески Гоце; 10. Петрески Раде; 11. Трајкоски Богоја. За да го пополниме бројот на екипата преку доставена молба до општината ангажираше четири испод 18 –ет годишна возраст број 3 и број 4 се од 16-ет годишна возраст, а додека број 2 и број 9 се од 15-та годишна возраст. Во Марул имаше уште неколку момчиња кои играа добро фудбал на нивната заинтересираност беше слаба.

Првата утакмица за општинското есенско првенство во 1963 година ја одигравме во с. Вешерејца на нивни терен, ја добивме со 0-2 за Марул односно ФК Веслец. Ние играчите бевме играчи, ние бевме публика. Се возевме по двајца на еден велосипед. Но морало ни беше голем со победата над Вешерејца.

Со ваквата љубов према фудбалот неколкумина од нашиот ФК Веслец отидоја во општината Тополчани во одделението за спортски активности доставија барање за погодно место во нашето село Марул за фудбалско игралиште со некаква намера за да бидеме поблизу до нашиот марулски народ за да имаме повеќе наша публика кога ќе играме на наш терен.

Нашето барање беше прифатено од општинските власти за секоја потребна помош. Нашето барање беше кажано. Ние симпатизерите на фудбалот сакавме да направиме едно фудбалско игралиште во Колеската ограда каде што имаше фудбалско игралиште за времето во колективот. А додека како спортски објект, соблекувална и собиралиште да ни се додели задружниот дом. Од нас, вие имате секаква поддршка за таа работа, ако вие се договорите со вашите жители во Марул потврди референтот за спортската култура на Општината Тополчани.

За овој разговор со референтот за спортски прашања писмено му беше предадено на доборникот од с. Марул Петрески Ванчо Мурџески кој на селската конференција при крајот на месец април во 1964 година. Писмото беше прочитано, разгледано и ставено за дискусија околу идејата на младинците за фудбалско игралиште да се повтори старото фудбалско игралиште од времето на Колективот во Колеската ограда.

После прочитувањето на писмото од страна на селски одборник се јавиле дискутанти за нивните мисли. Потсетувајќи се од времето на колективот рекле навистина за време во колективот во Колеската ограда имаше фудбалско игралиште. Ако тогаш сета земја беше под државна имовина. А додека сега оградата му е вратена на стопаните Колевци.

Некои дофрлија, доста ни е од вакви скандали што ги доживеавме досега нашите неподвижни имоти, со нивјето. На еден одземи му ја, на друг додели му ја, ставени сме во цедило за да се мразиме. Што се однесува до задружниот дом подобро е да бараме и потребно е за нас да отвориме продавница, него да го дадеме да се вандализира, нека си остани како досега. Со тоа беше знак без никаква поддршка за спортскиот фудбалски клуб употребата на задружниот дом.

Основање на младински комитет и избор на раководно тело на комитетот

Во почетокот на месец мај во 1964 година од младинската организација од Тополчани дојде едно писмо до одборникот за с. Марул Петрески Ванчо Мурџески во кое се бара собир на младината за избор на раководно тело во с. Марул.

Староста на младината е ограничена за ненаполнети 25 години од своето раѓање и започната 18-ет годишна возраст од своето раѓање.  За ова писмо беше известена марулската младина преку селскиот протуѓер Бошески Борис. Соопштението гласеше за иднава недела, датумот о дмене изумен, после ручек собирот ќе биди во училницата во училиштето. Состанокот ќе го води учителот на учителот на училиштето Стојчевски Дано. Ова е прв пат за еден ваков состанок во с. Марул.

Откако се даде збор за состанокот се започна со броењето на присутните младинци и младинки нивниот број на присутни изнесуваше 27 присутни лица на состанокот. Потоа зеде збор водителот на состанокот 24-ри годишниот учител Стојчевски Дано ј аобјаснуваше историјата и улогата на младината од НОВ се до денес. Дано нагласи да младината е силата за иднината на државата.

Младинската организација е посебна политичка гранка во државата која си има свој буџет доделен од државата. Си има своја административна служба. Бригадните штабови организираат разни работни акции низ државата каде е потребно од младински акции, правење патишта, железнички пруги, фабрики и ред други работи.

Продолжува

Loading