ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е СПАС ЗА СТАРАТА ЧАРШИЈА

spas na carsijata

При одбележувањето на јубилејот, 60 години постоењето на Економскиот факултет, во услови на пандемија, се промовира истражување ,,Влијанието на Ковид-19 врз малите и микробизнисите во старата прилепска чаршија,,. Резултатите од истражувањето ќе се објават и во меѓународна научна публикација.

Тимот од експерти го оценуваше влијанието на економската криза врз бизнисите во старата чаршија во соработка со Регионалната занаетчиска комора.

За деканот, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, пандемијата предизвика длабоки економски консеквенци во сите сфери на деловните активности. Затоа се значајни оценките за степенот на влијание што пандемијата ги остава во одделните сектори, предизвикувајќи сериозни негативни последици врз малите и микробизниси.

Истражувањето ги детектира последиците од кризата на малите и микробизниси во старата чаршија и на локалниот економски развој. Покрај мерките, малите бизниси и одредени занаети не успеваат да се одржат. Сведок се многубројните затворени дуќани. Кризата иницира и процес на дигитализација што ќе трае и ќе наметнува предизвици, но ќе обезбеди и нови можности во економијата, образованието и во другите сфери. Предизвикот на сите групи е да се осигура пристап и корист од дигитализацијата. Многу компании се приспособија. Според можностите организираа онлајн-маркетинг и продажба. За повеќето мали и микробизниси е неможна операција поради немање технички и финансиски средства, како и немање соодветно познавање за користење. Бидејќи се ретчат одредени занаетчиски занимања, се наметнува потребата за брза реакција на образување нови кадри во формалниот и во неформалниот систем на образование. Сите можности за учење или стекнување вештини преку практично искуство (или во училишните простории или преку практична обука во компаниите) станаа неможни поради владините ограничувања.

И на глобално ниво се соочуваме со предизвиците и непредвидливоста за времетраењето. Затоа е потребна зголемена соработка и помош за изнаоѓање решенија за опстанок за можен посакуван развој во сите области. Проектот претендира на влијание врз јавната мисла, а анализите и резултатите да бидат имплементирани во наредните владини мерки колку што е можно повеќе за да се неутрализираате негативните ефекти од ковид-пандемијата.

Истражувањето презентира бројни научни согледувања и хипотези, при што битно е дека кризата го намали бројот на вработени, предизвика намалување на прометот и добивката и ја зголеми грижата за опстанокот на бизнисите во чаршијата.

Проектниот тим го сочинуваат: д-р Илија Христоски, д-р Татјана Спасеска, д-р Драгица Оџаклиеска и д-р Коста Сотироски.

Loading