ЌЕРКАТА ГО СМЕНИЛА ТАБИЕТОТ

Една добра, благородна фамилија служела за чест и при­мер со односот во селото. И децата биле примерни. Дошло време, најстарото, де­вој­че­то го свршиле и омажиле за момче во некоја безоб­раз­на и некултурна фамилија. Р разбрале родителите кај какви луѓе им отишло детето. Било доцна да сторат нешто, ба­рем детето да не си го смени табиетото на домашното воспитување.

Неколку дена по мажачката, родителите на ќерката била канета со целата куќна тајфа на гости. Првиче. Дошле првичарите кај новиот сват на гости. На мајката í останало во умот за лошите зборови во куќата каде се мажела ќер­­ка í. Мајката ја викала ќерка си на совет.

-Мило чедо, слушаме во новата твоја куќа имале лоши изрази домаќините – од домаќинката, до децата. Пази се да не го расипеш карактерот, да не го усрамиш татко ти?

-Што да правам, такви се. Ноќеска ста­на мажот ми, ко ме фати в гас, в пичка, решето ме стори –  рекла ќерката.

Кога ги слушнала погрдните зборови од ќерка си, мајката се вџашила, оти ќерката се сменила за неколку денови.

-Ти бетер од нив си станала за кратко време – í рекла мајка í.

-Мајко, во каква куќа човек ќе влези, така ќе прави!

Loading