АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Летот во место е исто како тапкање во место.

x

Како ученик бегаше од часови, а сега ниту за момент не ја напушта фотелјата.

x

Компромис никако не оди со негирање и уцени.

x

Со еден ист одговор на сите прашања не се решава ниту еден проблем.

x

Додека очекуваме вирусот да попушти, не смееме ние да попуштиме пред него.

x

На средба со иднината не се оди со рацете в џеб.

x

Не плукај на подот туку во лице на криминалците.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading