ПРОДОЛЖУВААТ ПРОБИТЕ ЗА „КАМЕНОТ“

Во театарот

Probi spored protokoli z azastita  od korona virusot

Според сите протоколи за заштита, во театарот продолжија пробите за претставата ,,Каменот,, кои беа прекинати заради пандемијата пред шест месеци. Актерите работат по динамичниот текст на Мариус фон Мајенбург. Премиерата се очекува во средината на ноември. Режисерката Кристина Димитрова е радосна за продолжението на подготовката на претставата.

– Приказната не е раскажана хронолошки. Се преплетуваат годините 1935, 1945, 1953, 1978, и 1993. Се доловува текот на мислите, моментот кога меморијата се испреплетува и годините сами се појавуваат по асоцијација. Приказни за модерна Германија, раскажани во жанр капиталистички реализам. Ликовите се соочуваат со спомените од фашизмот и комунизмот.  Колку и да сакаат да го закопаат минатото, не можат. Испливува грижа на совест преку минатото. Каменот е откопан и се бара одговорот како понатаму, по злосторствата од минатото. На која основа идните генерации ќе го градат свој идентитет? – вели режисерката Димитрова.

Ќе играат Наташа Ачански, Катерина Чакмаковска, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Димитрова, Јасмина Мицовска Станкоска и Илија Волчевски.

Loading