ТВОРЕШТВОТО ОД КАСИОПЕЈА НАУМОСКА

а1,,Без наслов,, е тематската изложба од 20 дела од уметницата Касиопеја Наумоска што ќе биде поставена од 20 октомври во Ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Наумоска е современ македонски автор чии дела се интригантни, атрактивни и маѓепсуваат. Творештвото содржИ експлозија од бои и страст, борба на емоции, небаре интергалактичка борба на принципи во дефиниран композициски склад.

Д-р Васко Шутаров забележува дека Наумоска е роден уметник.

-Таа негува искреност кон уметноста. Владее совршено со играта на детето во неа и со строгиот учител над неа. Играта на освоените слободи и заробените страсти. Играта на темното и светлото, на машкиот и женскиот принцип, на рационалното и ирационалното. Интегритетот на сите тие крајности, од кои пресоздава складна композиција – пишува Шутаров.

Наумоска е дипломец и магистер на ФЛУ во Скопје. Имала повеќе самостоојни и групни изложби во земјата и во странство.

Loading