ТЕШКО ГУБАТ ПАРТИЈА, А КАМОЛИ МЕЧ

Пинг-понг: Младост 96 е над сите во Супер лигата

Mladost 96

Пет кола – пет убедливи победи е билансот на Младост 96 во Супер лигата. Прилепскиот клуб е на пат до првата титула во 24-годишното постоење. Засега нема конкурент да го засени. Доказ се резултатите. Во 1 коло совладан со 4:1 беше градскиот ривал Младост, во 2 и 3 коло со по 4:0 Струга и скопски Вардар, а на последниот турнир со по 4:1 скопски Нец и штипски Шампион ФА. Добиени се 20 партии, загубени само 3. Кристијан Станојковски доби 7 (загуби 2), Петар Костовски 5, Стефан Костадиновиќ 4, Александар Рикалоски 3 (загуби 1), Андреј Лашкоски 1 партија.

В недела избраниците на тренерот Гоце Тошески ги имаат мечевите со скопските Нец 2 и Работнички.

Вториот прилепски тим, Младост, по стартниот пораз, нареди четири победи, со Крива Паланка, Радовиш, Работнички и Струга. В недела игра со Нец и Вардар.

Табела: Младост 96 – 10, Шампиони ФА и Младост по 9, К. Паланка и Работнички по 8, Нец 2 и Радовиш по 7, Вардар и Нец по 6, Струга 5.

Loading