МИСТЕРИЈАТА НА ПОДЗЕМНОТО СОНЦЕ НА МАКЕДОНИЈА

Алшар  кај Кавадарци

alsar-rudnik

Алшар е рудник на планината Кожуф првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит. Рудникот датира од античка Македонија, преку римскиот период и Османското Царство до денес. Минерали се најдени во остатоците на Стоби. Рудникот се споменува во турските тефтери од 1481 година. Во 1877 година се формирала рударската населба Мајден. Алшар бил даден под концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун. Работеле 500 рудари. Рудата со каравани со коњи и маски се транспортирала во Солун, а оттаму со воз во топилниците во Германија. Пред балканските војни рударството било прилично развиено, а во Првата светска војна се воделе борби. За тоа сведочат бугарските гробови крај патот. Денес останата е некоја дрвена барака, полна со муниција за обични и машински пушки, со гранати за топови од различен калибар, полна со маски за одбрана од отровните гасови и многу друга воена опрема. По Втората светска војна, рудникот бил истражуван и не се вовела експлоатација. Утврдено е постоење на талиум. Во 1980 година, минералите лорандит го ,,заскокоткал,, американскиот астрофизичар Мелвин Фридман, од аспект на употреба на талиумските минерали за детектори на неутринати по потекло од сонцето.

Името се поврзува од солунските индустријалци Алатини и Шарнис кои истражувале руда во овие краишта. Откриле значителни количества антимонова и арсенова руда. Ја експлотирале од 1890 година. Основале рударска населба со почетните букви на своите презимиња ,,Алшар,,.

Физичарот од Будимпешта, Етвос Лоранд, смета дека минералот е уникатен и може да донесе еколошки чиста енергија. Тој е природен детектор на честичката ,,неутрино,, која ги препознава директните реакции на јадрото на сонцето. Доколку неутриното се изолира, се генерира енергија, која може да стане нов моќен енергетски извор – ,,вештачко сонце,, – и би ослободувало огромна бесплатна енергија. Од 2004 г. Алшар е прогласен за споменик на природата заштитен како природна реткост.

Алшар бил истражуван од американски и европски научници. Поради недостаток на финансиски средства, рудникот е затворен и неискористен. Постои само едно отворено окно. Ретките видови флора и фауна сведочат за тајните на планината.

Дали утробата на рудникот Алшар крие огромно богатство или е само митски приказна? Колку е реално дека има ретки вредни минерали, како што се егзотичниот талиум и лорандитот. Дали отворањето на окната во мистичниот рудник може да ја збогати Македонија и да донесе повисок стандард за граѓаните? Нема од одговори, бидејќи државата не покажала интерес да инвестира во експлоатацијата на најстарото рудно наоѓалиште во Македонија. Сепак, фрапантни се сознанијата од истражувањата на американските и англиските компании меѓу 1986 и 1989 година. Резултатите од лабораториските наоди на делови од рудата потврдиле дека Алшар крие 20 тони злато.

Единствена идеја, прогласениот предел за споменик на природата и законски заштитен, е околината да се трансформира во футуристички музеј на отворено.

rudnik-mir

Алшар се наоѓа 40 километри јужно од Кавадарци, кај селото Мајден на планината Кожуф, кај македонско-грчката граница.

Штитовите на Александар Македонски со лорандит   

Александар Македонски прв ја открил мистериозната моќ на лорандитот. Се раскажува дека војниците ги премачкувале штитовите пред секоја битка, оти пладневното сонце ги заслепувало противниците. Затоа и имале изгравирано сонце на штитовите. Оттаму е поврзаноста на Македонците со сонцето.

Неограничена енергија

До црвенкастиот кристален елемент може да се дојде со дупчење на големите камени стени, во чија длабочина е скриен. Со процесите на фусија и фисија и цепење на јадрата на елементот, се претпоставува дека е можно да се ослободи енергија. Истражувањата треба да докажат дека од тие реакции може да се добие таканаречено ,,вештачко сонце,,, кое би ослободувало енергија за потребите на огромни територии.

Loading