Промоција
Попладнево промоција ќе доживее делото ,,Приказни од животот, што е збирка од 30 раскази од Снежана Паноска. Книгата ќе ја претстават Мирјанка Р. Селчанец и Цеца Видова Трајческа.
Расказите се потресни, драматични, измислени или реални случувања од животот. Пишувани се без појаснувања и нафрлања, течни и стегнати со визуелна прецизност.
Паноска е претседател на Клубот на литературни творци – Прилеп. Досега објавила повеќе збирки поезија.