ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (67)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Тогаш Петре Кузман прв го викна тетинот Ристески Јован Мурџески, ти тетин Јоване дали ја прифаќаш програмата. Јован дава одговор како без уста, не знам што да речам, скоро се деливме со брат ми, имам само еден вол. Петре нареди, пандуре терај го тетинов право во визбата. Тоа е повод отворање на врата преку тетинот, ако можи тетинот да биди затворен, можат да бидат затворени тогаш сите марулци.

Петре Кузман го повика Атанасоски Трајан Танески, ти чичко Трајан што мислиш. Од Трајан нема одговор, ти си чуден човек, тоа што ти порачав не го исполни, те извадов пред малце од затворот во визбата, сега нема одговор. Пандуре, терај го поново во визба.

Ти чичко Трајан Павлески какво мислење имаш, Трајан ми одава одговор имотот не е мој. Јас не продавам туѓ имот. Имотот е на татко ми Јован. Оди донеси го татко ти овде. Не е тука, ти реков кај сака нека биди ти донеси го. Трајан од на лозје да го донеси татко му. Јован, ти чичко ти Ристе Јанкоски сват волкоечки какво мислење имаш. Нема што да мислам, на душа ќе ги носам педесет души. Ти чичко Ристе Јовчески какво мислење имаш. Јас мислам најубаво е нека го откупи државата нашето имање, а ние кој глава и капата фит виделина да фатиме. Од нас домаќинлак не бидува. Додека го испрашува Ристе Јовчески, Трајан Павлески го донесе татко му Јован Павлески. Иследникот Петре Кузман го праша стариот Јован. Ти дедо Јоване дали сакаш да влезиш во Колективот. Јован му дава одговор, за овој имот да го спечалиме дваесет години ја градиме Америка и сакам да речам лесно не се дава. Со ова заврши прашувањето на поимотните домаќини во с. Марул.

Тогаш изусти Петре Кузман, спремајте го возилото и со следните лица Танески Трајан, Јанкоски Ристе, Јовчески Ристе и Павлески Јован ќе направиме една прошетка. Ги качиле во џипот и ги однесле во местото Каменот, место западно од селото кај Крушите, патот мариовски за Прилеп. Тука им ја кажа судбината. Ако сега откажите за влегување во колективот ќе ве назначиме како информбировци, сталинисти, ќе скисните на стари години во затворите.

Четворицата заложници Јанкоски Ристе, Атанасоски Трајан, Јовчески Ристе и Павлески Јован биле присилени за стапување во колективизација. И на тој начин беа вратени со џипот кај училиштето во Марул.

Само што слегле од џипот Јанкоски Ристе прв изјавил пред присутните марулци кога бев на триесетина години за политика бев давен на средселото од српските џандарски кучиња, сиот бев раскрварен, лежев две години во затворското темничење без некој од мојата куќа да видам иако имав тогаш родено мало дете со жената не го видов, издржав. Сега на шеесетина и кусур години не можам да издржам и не знам после што ќе биди со моите куќни луѓе затоа пристанувам за да влези нашата куќа во колектив во с. Марул.

Како што кажа Јанкоски Ристе истото го кажаа и останатите заложници Атанасоски Трајан Танески, Јовчески Ристе и Павлески Јован. Дека ја прифаќаат програмата од присутните политички лица. Петре Кузман, Блаже Чавкула и Блаже Караорманецот. Петре го повикува Анѓелески Илија Кадијата и го прашува какво мислење имаш ти чичко Илија. Јас Илија ви давам одговор на моето мислење дека немам имот за давање поради сум домазет во куќата каде живеам.

Тогаш донеси го стопанот на имотот, него да го прашаме, му вели Петре на Илија. Еве го стопанот на имотот на Анѓелески Живко му возврати одговор Илија Кадијата на Петре Кузман. Петре иследникот го прашува посинокот на Илија Живко какво мислење имаш, влегување во општествена заедница за во колективот. Живко дава одговор, го слушнав кажувањето на заложниците Јанкоски Ристе брат на мајка ми, Јовчески Ристе наша деленица, Танески Трајан наш нунко и Павлески Јован стар политичар да веќе вратата е отворена преку тетинот Јован бегање нема затова го запишувам нашиот имот за во колективот изусти деветнаесет годишниот Анѓелески Стеваноски Живко.

Петре Кузман го повикува Ризоски Коле. Ти чичко Коле какво мислење имаш за влегување во колективот. Коле одсечно одговори, јас Коле сум домазет, немам имот за продавање. Нашиот куќен имот е на очув ми Трајан и на маштеа ми Ивана, негова брачна жена. Кузман на Коле му препорача оди донеси ги твоите родители Трајан и Ивана да ги прашаме нив какво мислење имаат. Додека Коле се врати со родителите Трајан и Ивана меѓувреме неколку домаќинства ставија потпис за пристапување за во колективизација во с. Марул. Стариот брачен пар Трајан и Ивана Ризоски Колески увидоја да повеќе фамилии пред нив веќе дале потпис за влегување во колектив, истото и тие го сторија, дадоа изим за влегување во колектив. Трајан за тој имот долги години работел во американските печки и тунели неговата душа после пописот не издржа и го напушти трајановото тело за секогаш.

Се повикува Ризоски Борис. Ти Борисе какво мислење имаш за влегување во колектив. Јас сум домазет немам имот за продавање. Сиот имот е на мојата жена Цветанка. Тогаш донеси ја жената Цветанка за да го слушниме нејзиното мислење, возврати Петре. Оди Борис да ја донесе сопругата Цветанка. Додека дојдат Борис и Цветанка повеќе домаќинства дадоја потпис за влегување во колективот.

Бошески Борис протуќерот ја донесе својата жена Цветанка. На нејзиното поставено прашање од страна на иследникот Петре Кузман дали сака да влези во колективот Цветанка одговори дали милум или силум гледам многу домаќинства дале потписи каде поимотни од нас кај тие со нив и ние со мажот ми Борис и децата. Со тоа и Цветанка го даде потписот за колективот.

Го повикуваме Кире Мојсоски да дојди и да го дади своето мислење за влегување во колективот. Кире дава одговор, јас сум раненик кај Мојсоски Крсте и према тоа немам имот за во колективот. Иследникот Петре Кузман го прати Мојсоски Кире да ги донесе родителите, очувот Крсте и маштејата Митра за да го слушнат нивното мислење во врска на колективизација на нивниот имот. Откако беа запрашани брачниот пар од иследникот Петре Кузман какво мислење има за колективизација на нивниот имот, Крсте отсечно рече за да го имаме нашиот цапитал денес брат ми Мојсо преку дваесет години црнчеше во американската топилница во Чикаго. Разболен си дојде и прерано умре за ова ваше прашање ме боли, ама при сила нема правила. Гледам да половината село дало потписи и со тежина на душата давам потпис.

Откако го даде потписот Крсте нешто како да му одлета од него, остана алипен духовно се до неговото умирање во пролетта во 1953 година. И така селото од 38 домаќинства, 36 влегоја во колетивот. А додека Атанасоски Недан Танески и браќата неделени Митрески Јован, Степан и Мите Мурџески не влегоја во колективот.    

Продолжува

Loading