ДОНАЦИЈА НА ЦИСТЕРНА ЗА ТЕЧЕН КИСЛОРОД В БОЛНИЦА

Cisterna v bolnica

Со донација во болницата е поставена и пуштена во функција цистерна од 5 тони за течен кислород за подобро снабдување со кислород на сите одделенија и операционите сали. Капацитетот е во согласност со годишните потреби.

-Избегнуваме секојдневно носење и враќање на боци со кислород. Се штеди на потрошувачката за околу 30 отсто. Цистерната е донација од фирмата од Скопје, која неколку години ја снабдува болницата со технички гасови. Резрвоарот за кислорот во голема мера ќе го подобри снабдувањето на операционите сали и сите одделенија. Кислород е и поквалитетен и згаснуваат можностите да дојде до недостиг при снабдувањето – вели Драги Богојески, директорот на болницата.

Болницата доби на подарок и 20 кревети за новороденчиња. Тие се ија на фирма од ТИРЗ Алинци.

Krevetcinja v bolnica

-Создаваме подобар амбиент на родилките. Креветите се практични и на родилките им овозможуваат лесно манипулирање со новороденчиња. Донацијата изнесува околу 6.000 евра – вели Богојески.

Тој најави донација на соларни колектори за обезбедување топла вода и за намалување на потрошувачката на мазут. Овие уреди ќе влијаат на пад на загадувањето на воздухот.

Loading