ПЕЈО БЕЗ ГЛАА

Ошле Итар Пејо со двајца мариовци на лов да го бркаат волко. Го нашле и го удриле некако. Тој се пикнал во некоја капина, оти не го дотепале. Шчо да пра? Пејо, ко најитар, свлекол гуната, се пикнал во капината да го вајџа. Ама волко го ватил и му ја скинал глата!

Првијо другар, маријоец викнал:

-Нема го да излези?

Признал другио мариоец во капината и му рекол:

-Мрда!

-Оди, вати го за нози, да го извлечкаме Пеја надзад – вика првио.

Вторио отиде и го извади:

-Бре, камо му ја глата?

-Имаше ли гла, ил немаш?

Се думале, думале и не му текнуало и се договориле.

-Че одјме да ја прашаме Пејојца. Таја знај!

Ошле и ја прашале:

-Пејовице, мори, дал имаше Пејо гла, дал немаше?

-Кој го знаје? Че ми текнеше. Од Велигден на Велигден купуаше од град по една валаница. Ама, дал имаше гла, дал немаше, не знајем!

Двајца маријовци, шчо останале без другар, се думале:

-Ај, да видиме, шчо му ја изеде глата?

Ич не му текнувало, оти волко му ја скинал глата! Отише во капините, а волко беше избегал. Нашле еден срп!

-Море, овој житојадец му ја скина глата на Пеја – вика првијо маријоец.

-Камо го, да го видам. Донеси го, че го средиме – вика другијо.

Првио му го даде српо на вторио.

-Ти му ја зеде глата на Пеја и мавна од еден камен еднеш, па уше еднеш, и го скрши преку стредина.

-Ее, Итер Пејо без глава, ама ти без половина!

Loading