ВИЦ НА НЕДЕЛАТА

vic

Паца отишла кај Петра на кафе и ја затекнала како готви ручек на електричен шпорет со 3 рингли.

Готви неколку секунди на едната, па го преместува тенџерето на втората, а по неколку секунди го преместува на третата. Па пак на првата и постојано така…

 Петро мори, што правиш? – Прашала Паца.

– Грав. – А зошто го преместуваш тенџерето од една на друга рингла, што не го оставиш да се вари на една?

– Морам така. Откако дојдоа оние од ЕВН и ни ја исклучија струјата, Ламбе не приклучи на семафорот…



– Ало тато, ми пукна гумата, не знам што да правам!

Му ѕвонам на дечко ми не се јавува!!

– А, резервата каде ти е?

– И тој не се јавува!!!

Loading