ПИНГ-ПОНГОТ ОСТАНА БЕЗ МЕЧЕТО

Kire GjorgjieskiИн мемориам

На 63 години почина Кире Ѓорѓиески – Мечето. Тој беше истакнат пингпонгарски работник. Од дете се вклучи во овој спорт. Пингпонгарската сала стана негов втор дом. При тренинзи или мечеви прв идеше, последен си одеше од салата. Долго време беше пингпонгарски судија, но и тренер. Работеше со машката и женската екипа на Младост 96, а неговата стручност ја ценеа и во Грција, каде екипата на Сарисас од Лерин ја внесе во Првата лига.

Пред три години ја обнови Школата во ППК Младост 96.

Loading