ВО БИБЛИЈАТА ИМА РЕШЕНИЈА ЗА СИТЕ ПРОБЛЕМИ, САМО ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМАТ

Американецот Кајл Киркпатрик (50) од Христијанската заедница Божји глас

Kajl 1

Американецот Кајл Киркпатрик (50) од Христијанската заедница Божји глас веќе 12 години е во Прилеп, а пред тоа уште неколку во Скопје. Како успеал да се навикне на животот во прилепски стил и која е целта на делувањето објаснува за неделникот Зенит особено во услови на Корона кризата:

-Кога дојдовме од Скопје мислевме дека го знаеме македонскиот јазик, ја знаеме културата и дека многу лесно ќе се адаптираме во Прилеп. Но, поради скопскиот дијалект, прилепскиот ни беше малку чуден. Овде има повеќе турцизми, но и многу поопуштен начин на живот. Брзо се прилагодивме, лесно беше да се појди на гости, да се најдеш со пријатели во чаршија, лесно за прилагодување во споредба со Скопје каде што сето е посложено. Но, и Скопје во последниве години е променет. Во Прилеп се држи некој традиција на порелаксиран живот што ми се допаѓа. Ми одговара што имам пријатели кои ќе поминат дома на кафе без да ни се најават. Тоа е многу убаво. Сега гледаме промени во економијата. Последниве години и тоа во негативен аспект. Никогаш не било сјајно овде, но последниве години доста млади заминуваат надвор од државата. Сето тоа предизвикува грижа, но не само Прилеп, туку и целата држава боледува од тој проблем. Па и моите три деца заминаа, откако завршија основно училиште во ОУ ,,Кире Гаврилоски,,. Младите забележуваат дека овде нема перспектива и подолгорочна иднина. Тоа е тешко да се соочиме, но тоа е реалност – ги пренесува впечатоците за досегашниот престој во Прилеп.

Тој е задоволен од аспект на пријателството и во поврзувањето со работата со Христијанската заедница.

60941404 2399157190316439 1252645263625945088 o

-Имаме нова просторија во Ѓогдере кај Жито маркетот, каде редовно се собираме и во време на Корона, според сите прописи, со маски, дистанцае и сé што е потребно. Задоволни сме што има луѓе кои се љубобитни и се заинтересирани да ја проучуваат Библијата. Христијанската заедница е многу повеќе од еден настан во недела. Промовираме соживот. Дури некои средби ги правиме во кафетерии. Се гледаме и надвор од официјалните средби. Има следбеници на Исус Христос. Активностите се на здружението Изгрев и Христијанската црква – Божји глас вели Киркпатрик.

Намалени се можностите за организирање часови за совладување на англискиот јазик, заради Короната. Покрај предавањата, тешко одат другите активности во корона периодот.

-На луѓето им е потребна психолошка поддршка поради стравувањата, сметаат дека ги демне смртна закана. Затоа се поставуваат тие прашања за животот и смртта, како сега, така и понатаму. За тоа разговараме, што се вели во Библијата, што вели Господ и за вакви кризни моменти. Таму има сé. Затоа луѓето сé повеќе се заинтересирани. Ама од друга страна, има многу луѓе кои одат по гатачи и бајачи, во потрагата по духовното, а не знаат каде да го најдат. Не се задоволни од традиционалните одговори. Бараат таму каде што мислат дека ќе го најдат. За жал, со тоа одат на погрешен пат – објаснува американецот кој 12 години е прилепчанец.

119563727 354798349026755 1631526254451176158 n

Другите активности се редуцирани, како хуманитарни акции, уредување на мали простори што се правеле порано. И часовите по англиски се укинати, но ќе се вратат, но не се знае кога.

-Имавме проекти со Општината Кривогаштан. Во селото Обршани и Кривогаштани во градинките. Направивме иглиште за децата со донации од странство. Во време на кризата не се најдуваат донатори поради светската економија. Засега е доволно само да бидеме присутни – вели Киркпатрик.

Според него, постои интерес кај младите за библиска поука. Контактираат кога се слободни.

-Има млади кои покажуваат поголем интерес. Ако младите имаат интерес, има поголема шанса да се задржат и како повозрасни. Практично се поставува подлога. Кога ќе завршат факултети, размислуваат за егзистенција и заминуваат надвор од земјава. Од четири-пет млади со кои соработуваме, очекувам два-тројца да заминат. Се надеваме дека воспоставениот духовен темел, без разлика каде ќе заминат, Америка или Германија, ќе останат поврзани. Им наоѓаме истомисленици да бидат во врска колку што можат. На приврзаниците не им даваме парични средства. Има случаи кога некој член во заедницата е во тешка ситуација, го помагаме, се организираме меѓусебно. Тоа е наша внатрешна акција, тоа е еднократна помош. Најдобро е да му се купи храна. Пари не даваме за да не мисли човекот дека  е поткупен. Некои зборуваат дека заедницата давала пари за посета на средбите. Ако беше така, ќе имаше редица луѓе. Бараме искрени верници, а не некој што би дошол за пари. Крајната цел е следбеници на Исус Христос -вели Киркпатрик.

Во заедницата се добива духовно знаење. Главно достоинството што Господ го дава.

119600206 942849249559732 5902120607924618005 n

-Луѓето сметаат дека треба да растат во верата и да ја читаат Библијата заедно со браќата и сестрите во заедницата. Добиваат вредност што светот не ја дава. Се открива кој е Господ, а кој е поединец, кој сум јас. Таква треба да биде таа релација. Придобивката е духовната база, создавајќи Исусови ученици. Целта е примена и прифаќање на Библијата. Тука јас не сум авторитет, туку Исус Христос. Тој е главата, односно автентичното, изворно пренесување на пораките на Библијата. Овие погледи многу се косат со преданијата во Македонија кои никој не знае од каде се дојдени, а кои не се секогаш во согласност со Библијата. Главно во Прилеп нешто што се случува е верувањето во светците. На пример со Свети Никола, заштитникот на градот, проблематично е дали некој кој бил погребан пред 1600 години може да заштитува. Тоа може да го прави само Исус, кој починал и воскреснал. Чудно е како некој од гробиштата може да го чува градот. Содржината на молитвата на параклисот Свети Никола е интересна и одговара, ако се смени и да стои името на Исус. Молитвата е супер кажува Киркпатрик.

Заедницата трага по луѓе, спремни да поминат време со Библијата, а не со телефоните в раце.

-Еден човек сака да замине во Германија, а да остави овде две деца и сопруга. Тој ќе ги остави децата, а со тоа кажува дека парите му се поважни од децата. Нужно е да ги храни децата. И тука може да се нахранат децата, но со контактите преку телефон, не може да им ја донесе љубовта. Сум го почувствувал тоа на своја кожа. Децата не ми се тука. Беа во Германија, а сега се во Америка. Сме го изгубиле времето кога не сме биле по крај нив, кога имале сериозни прашања и криза. Со контактите по телефон, не е исто,  отколку да се разговара очи в очи. На крајот ќе дојде време да најдеме време за тоа што ни е важно. Сите викаат дека Господ е важен, но никој не одвојува доволно време. Тоа се прави само на збор. Човекот мора да се соочи со проблемот, ама и со божјото решение. Проблем е што ние бараме наше решение, а Господ има готово решение кое треба да се препознае и да се земе – завршува американецот Кајл Киркпатрик.        

Loading