ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (66)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

На 22 декември 1922 година вечерта во мракот војводата Петре Ацев со неговата чета, неговата придружба, претходно наведените одседнаа во с. Марул во Кулата на бегот Тефик Утоски сопственик на Јован Јованоски Курела. Тука војводата Петре Ацев направи средба со постарите марулски членови на комитетот ВМРО со Колески Стојан, Павлески Јован со татко ми Јанкоски Ѓорче со домаќинот Грујоски Ѓорче Курела и други. Во истата вечер во Марул се оснива нов комитет на ВМРО од четири члена. За војвода Јанкоски Ристе, за секретар и благајник Јовчески Ристе, за курир Ристески Ристе Мурџески, за стражар Петрески Велјан Бабјак. Откако се заврши работата со изборот на комитетот во Марул се даде вечера за сите присутни после тоа гостите заминаа за во с. Штавица пречекани од Дамевци, Дељовци, Стевовци и Малинковци за таму да преноќеваат.

За време на престојот на Петре Ацев во нашиот крај оснива повеќе нови комитети на ВМРО. И тоа во следните села: еден заеднички комитет оснива во селото Бонче, Лопатица и Подмол. Еден комитет оснива во Марул. Еден заеднички комитет оснива во Штавица и с. Мало Рувци со седиште во с. Штавица. Еден заеднички комитет оснива во Волкосело, Чумово и Прилепец со седиште во Прилепец. Еден заеднички комитет оснива за селото Алинци, Галичани и Кадино село со седиште во Кадино село. Еден заеднички комитет е осниван за селата Веселчани и Загорани со седиште во Загорани. Направи политичка пријателска средба со претседателот на Општина Тополчани Тале Шиклески надвор од селото горе на брегот тополечки без некоја закана или навреда. Отиде на посета во с. Клепач кај својот пријател Матески Цветан, но не го најдоа поради бил загинат во четата на Ѓорѓи Сугарев во 1906 година во с. Паралово, битолско. Четата на Петре Ацев се врати назад и преноќева во с. Загорани.

Наредната вечер пред заминување на Петре Ацев за Бугарија се одржа голем таен состанок на кој беа присутни војводи на новите комитети во воденицата Пашоска во с. Штавица. На овој состанок јас Јанкоски Ристе ја добив довербата за војвода над војводите за селата Марул, Бонче и Лопатица.

Откако замина безбедно Петре Ацев за Бугарија членот Јуда кадинецот ги предаде сите јатаци на џандарите до каде Петре Ацев направил турнеја и оснивал комитети на ВМРО. Само состанокот на Петре Ацев со тополечкиот претседател не бил предаден. Властите односно џандарите ги пофатија сите учесници при основањето на комитетите на ВМРО и сите домаќини кои му ги отвораа вратите за престој на војводата Петре Ацев со неговата дружина и ги осудија на долги години затворски казни. А додека пак, затвореникот Шијакоски Гроздан е осуден во битолскиот затвор со бесење. Но во тој момент стигнува протестно писмо од меѓународниот суд со седиште во Швајцарија за правата на човекот до битолскиот затвор Гроздан да се ослободи од бесење. Гроздан Шијакоски е ослободен, симнат од ортомата за бесење и е осуден на долги години со затворска казна.

Многумина од осудените затвореници не ја издржаа затворската казна, умреа во затворите од тевтишење и од разни болести, тифуси, туберкулоза, оќелавија, косите од главата им попаднаа. Ние марулските затвореници кога не пуштија од затворот во Пожаревац изнесовме една затворска лајца со број 411 а каде е бројот на другите затвори низ Србија. Овој материјал е отпечатен во книгата “Жива историја за Пелагонија и Мариово” од 182 до 234 страна.

Откако заврши вербалното натраќање помеѓу двајцата Петре Кузман и Ристе Јанкоски во дворот пред училиштето присутните марулци заедно со гостите влегоа во школските клупи, а додека политичките гости ги фатија наставничките маси и столици. Петре Кузман е дискутант за програмата за колективизаија, Блаже Чавкуле е записничар на дискусиите, Блаже Караорманецот е пандур  вооружен со пушка за чување ред и мир, преведено на македонски редар.

За дискусија прв се јави Петре Кузман, ги поздрави прво присутните и нагласи да се познаваме со марулци, повеќе пати сме посватени. Јанкоски Ристе на Петре му даде реплика, потврди, да господине Петре се познаваме од 1944 година со житото и од 1945 година кога на првичето од ќерка ми Алтана поминавте со комшивката низ дворот за нашата радост, ве поканив за по едно чаше ракија, а вие ми рековте да не трошам народни пари, ќе треба да ги вратам. Јас ви дадов одговор, правиме со домашни пари, сработени од нас домашните луѓе.

Ми се познати и вашите волковчани додека ние марулците го криеме житото од ганчовци, вашите седеа со нив во прилепските бакалници и крчми, се честеа едни со други. Заради нашето гостопримство на втората македонска бригада Германците го гранатираа Марул со две гранати, за среќа едната падна во близина кај кладенецот Павлески, на 300 метра од Павлевци. Втората граната падна кај солиштата 250 метра западно од марулската црква.

Продолжи Петре Кузман од чичко Ристе слушнавме сега сакам да ја свртиме темата во политичко општествена работа. Како што знаете и слушавте лани се одржа првиот петгодишен план за изградба на новата држава Федеративна демократска Југославија управувана од работничката класа која од приватизација ќе преоѓа во колективизација. Ние овде сме дојдени за да ве информираме вас и вашето село да земите став и да се преориентирате во колективизација.

Ќе се пренасочи и здружи капиталот домашен сиот, овците, ѕевгарите, ќе се ора, сади, копа, сее, жнее во колективна заедница. Ќе се избере колективно раководство кое ќе раководи со работата и кој каде работел тоа ќе му пресметува дневница пресметана во месечна заработувачка. Секој вработен ќе има своја дневница, секој работник ќе биди здравствено осигуран и на секој вработен во колективната заедница ќе му се води статистика за работното време, работен стаж за пензија, старосна.

Во селово ќе се оснива бригади. Секоја бригада ќе има по двајца бригадири кои секоја вечер ќе ги информираат работниците кој каде работи за во наредниот ден. Сета ова работна програма ќе доваѓа од управата на колективот. Откако заврши Петре со преставувањето на програмата за колективизиација, ги праша присутните луѓе дали ви е јасно за програмата и побара одговор од нив. Сите ќутеа, нема одговор.

Продолжува

Loading