ПОВЕЌЕ ВЛАГА ПРОТИВ ВИРУСИТЕ

Во борбата против Ковид 19

Што да се направи за одбрана против вирусите. Според стручнаците, секој степен на намалување на релативната влажност, го зголемува индексот на трансмисијата, а со тоа и ризикот за заразување. Затоа е важно да се одржува влажноста на воздухот во просториите каде се престојува. Се препорачува да не дојде до исушување на носната слузокожа.

Човековата слузокожа во внатрешноста на устата, носот, дишните патишта и очите, може како мембрана да помогне во заштитата од коронавирусот. Потребно е да се одржува влажна. Тоа е едноставен трик за заштита од Ковид 19. Освен надворешната влага,  важна е влажноста во просториите кои се загреваат. При сезоната на греење релативната влажност на воздухот е помала од 24 отсто. Тоа лесно í погодува на трансмисијата на вирусот. Затоа се смета за значаен елемент, поради кој респираторните вируси имаат сезонски карактер. До пренесување на вирусите доаѓа и во влажни и топли услови. Но, тогаш преносот не е примарно преку воздухот, туку преку предметите и на други начини. Со секој степен на намалување на влажноста се зголемува индексот на пренос на Ковид-19 за 0.02 отсто. Така зголемувањето на влажноста од 20 на 50 отсто, може двојно да ја намали преносливоста на вирусот.

Сувиот воздух ја суши носната мембране, која всушност е бариера, примарна одбранбена линија од вирусни инфекции. Во нормални услови функционира како мрежа која ги лови вирусите и ги фрла од респираторниот систем. Ако подолго време се вдишувае сув воздух, бариерата се суши и станува нефункционална. Вирусите добиваат пристап до клетките, за кои се закачуваат и ги инфицираат.

Често се заборава оваа мерка за заштита, а главно се истакнува избегнување на социјални контакти и често миење на рацете. Вирусот не е толку смртоносен, но брзо се шири. Апсолутната влага многу зависи од температурата. Секојпат кога ќе се отворат прозоците зиме се губи по 1-2 литри вода од просечната просторија. Лесно се поправа различни овлажвачи или со испарување на зовриена вода. Потребно е испарување на најмалку 3-4 литри вода дневно да се достигне влажност на воздухот од околу 50 отсто          

Loading