НУЖНИ СЕ СМОКВИТЕ ВО ИСХРАНАТА

smokva

Смоквите од Египет се јаделе пред 11000 години. Свежите се само кус период од годината. Но, сувите смокви и џемовите ги замануваат потребите за јаглехидрати на организмот.           Смоквите помагаат заградбата на посилни коски. Содржат потребни состојки, магнезиум, калциум и витаминот К2. Калциумот без магнезиумот е инертен. А без витаминот К2, калциумот се одалечува од коската. Добри се за здравјето на срцето. Со минимизирање на талогот од калциум во крвните садови, магнезиумот и калиумот од смоквите го одржуваат здравјето на срцето и нормалниот крвен притисок. Тие се богат извор на растителни влакна кои помагаат во бавното варење и предизвикуваат чувство на ситост.  Во мали количества го регулираат шеќерот во крвта. Помагаат и при смирување на синдромот “нервозно дебело црево. Дел од влакната го чистат отпадот од дебелото црево и го елиминираат запекот. Одлични се за регулирање на телесната тежина. Помагаат во намалување на нивото на триглицериди во крвта, кои се релевантни маркери за срцеви заболувања, дебелина и холестерол. Сувите смокви се на топ листата на суво овошје богато со антиоксиданси. Затоа  го подобруваат видот. Дури се поефикасни од зеленчукот, како морковот. Спаѓаат во храна, која помага во одржувањето на оптимална ПХ вредност. Содржат висок процент на железо, кое помага во создавањето на црвените крвни клетки и спречува анемијата. Бремените жени треба да јадат повеќе суви смокви.

Loading