НИНА СПИРОВА НА ПАТЕКАТА НА СЛАВНИТЕ

nina-spirova-768x545Иницијатива

Историчарот и актуелен директор на ЦК ,,Марко Цепенков,,, Рубинчо Белчески ја иницира идејата името на Нина Спирова да се најде на патеката на славните. Таа почина на 11 септември на 82 години. Родниот град ќе í се оддолжи на својата сограѓанка, на доајенот на македонската народна, староградска, но и забавна музика.

Белчески на 15 ноември 2018 на неговата ФБ страница напиша: ,,Кога е жената во прашање, не треба да зборуваме за годините. Но, поради достапноста на вакви информации на интернет, особено, за јавните личности, мојот времеплов забележав дека во Прилеп, пред 80 години, во 1938 година е родена Нина Спирова, една од најпознатите македонски пејачки. Нејзиниот милозвучен и моќен глас остави трајни вредности, музички записи на забавни мелодии кои станаа евергрини, како и на бројни бисери на староградската и народната македонска музика. Со евергринот ,,Еден бакнеж,,, на фестивалот Опатија во 1962 година ја освои првата награда од публиката. Незаборавни се нејзините интерпретации на: ,,Молчи, молчи,, ,,На овој ден,, ,,Езеро мое,, ,,Судбо моја, судбино,, ,Зајди, зајди, јасно сонце,,, ,,Кажи, кажи либе Стано,,, ,,Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо”,, ,,Си заљубив едно моме,, и многу други песни кои вечно ќе се слушаат.

Општината Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, до семејството на Нина Спирова, упатија изрази на длабоко сочувство.

Loading