ПРВОТО МЕСТО СЕ БРАНИ ВО КАМЕНИЦА

Фудбал: Победа

По двонеделна пауза продолжува првенството во Втората лига – Исток, каде се одиграа две кола. Победа е во силен залет, по триумфите дома, со пехчевски Кит-Го (4:1) и ФК Росоман (3:0). Позитивно се очекува саботниот дуел со Саса во Каменица. Прилепскиот тим е на првото место со намера да го зголеми бодовниот фонд.

– Саса нема освоен бод. Според снимките од двата меча што ги загуби, дома со Брегалница со 0:1, со Слога во Виница со 2:1, не е лоша екипа. Има млади и борбени играчи. Треба да се трудиме, оти ако не ја сакаме победата, нема да ја добиеме. Мораме да продолжиме во истиот ритам – смета Дарко Крстески, тренерот.

Табела: Победа и Брегалница 6, Кожуф и Тиквеш 4, Слога и Росоман 3, Осогово и Пехчево 1, Саса и Плачковица 0.

Loading