ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (65)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Колективизација во Марул и марулската коперација – продавница 1949 – 1952 година

Со донесувањето на првиот петгодишен план во почетокот на 1948 година за изградба на новата држава Народна Федеративна Република Југославија во тој план беше внесена програмата за колективизација, сета селска обработлива земја и ситната стока, овци и кози, додека дел од крупната стока од народот одеше за изградба на државата. Оваа програма важеше само за христијанското население, додека муслиманското население беше оставено само на себе да одлучува сака или неќи колективизација, а државните власти ја прифаќа едната или другата одлука на нивната идеа. Барем вака прикажуваа нашите постари марулчани за нашите поближни муслимански села Канатларци од 440 домаќинства само четириесетина влегле во колективот. Ерековци 95 отсто муслиманско со 150 домаќинства само дваесетина домаќинства влегле во колективот и тоа повеќето христијански домаќинства.

Во еден есенски ден во 1949 година доаѓаат со џип трите лица одредени од општината во с. Старо Лагово за вршење колективизација на селата под лаговската општина Блаже Чавкуло, Блаже Караорманецо и Петре Кузман од с. Марул. Со повикот на селскиот протуќер Бошески Борис собирот е закажан во селското училиште.

Последен човек за на конференкцијата доаѓа Атанасоски Трајан Танески штотуку си дошол од орање од есенската сеидба, разбрал да има некое собрание во училиштето, неодморен од дотогашната полска работа ручал што ручал, го зел остенот пуштен в косо одпозади на неговите плеќи со левата рака горе, со десната рака долу, го држи остенот обуен во селски свински опинци, глуждовите на палците оголени.

За големо изненадување на сите присутни во дворот во училиштето Петре Кузман го пречекува Трајан пред визбата на училиштето и дрско го прашува што направи, што реков некни, ти реков. Трајан му дава одговор, што можам да направам кога ти бараш од мене кога не сум дораснат да ја исполнам таа твоја наредба.

Се налути Петре Кузман и со кундакот од пушката силно го удри одпозади во грбот поп леќи и го бутуриса внатре во визбата. Трајан падна на земја во визбата. Нарипаа селаните марулци во одбрана на Трајан. Тогаш се разбра да властите барале од Трајан за да му предади една канта со злато.

Се јавува Јанкоски Ристе во одбрана на Трајан и му вели, дофрла на Петре Кузманоски, има Трајан канта со злато, не иди со свински опинци и голи глуждовите на големите прсти на нозете. Тебе господине Петре те знаеме тебе со каков капитал располагаш во твоето село Волкосело, а те гледаме овде да си облечен од сите нас овде и да бараш овде од човеков да стори нешто невозможно.

Продлжи Ристе Јанкоски да зборува: Петре со вас се познаваме одамна со вашето доаѓање на гости кај вашите роднини во Марул. Ние марулци сме горди со нашите домаќинства 32 ја пречекавме Втората народноослободителна ударна бригаде од 500 борци партизани. Четири дена од нејзиниот престој ја снабдивме со место за базата, место за штабот, болничко место за ранетите борци и место за одмор на стражарите.

Бригадата е снабдувана со разноврсна храна и емишлок. Колку што можеме ја снабдивме и со зимски алишта. На заминување и подаривме четири товарити добитци за транспорт. Во бригадата од 500 борци препознавме само еден војник од нашиот крај, тој беше Милан Кадинецо. Возврати Петре, тој е бугароман затоа сега лежи в зандана. Возвратува Ристе, ние Милан го познаваме од малечко дете цицалче поради мајка му Кита е марулчанка, ќерка на Стеван Гулабоски, а додека некој што го зел на душа да лежи в зандана нека му суди Горниот.

Каде бевте вие за тоа време додека втората бригада престојувате во Марул, му дофрли Ристе на Петре. Петре возврати, ние бевме меѓу народот, го организираме општеството за идната наша македонска држава, возврати Петре. Тоа е убаво рече Ристе, само не се уредува куќа неосѕидана. Не се дава име на дете неродено, не се средува сѕстем на држава додека не се утврдат нејзините граници. Петре како во смеа му дофрли на Ристе, се гледа да сте добар говорник, можи затоа ве поставиле за војвода над неколку села. Ние марулци сме определни политички за македонска независна држава, затоа татко ми Јанкоски Ѓорче за време на смилескиот конгрес во 1903 година по завршување на конгресот делегатот Петре Аце ви неговиот телохранител  мариовскиот легендарен војвода Толе Паша од ерековската корија во ноќно време со нашиот коњ ги пренесе до Пресеката над с. Лопатица на сињорот помеѓу Бонче, Лопатица и Крушевица.

Само што стигна до определеното место кај Пресеката, легна коњорт и умре. Толе Паша извади пари од сиљавот, му го плати коњот на татко ми. Самарот и кожата ги запалиле, а додека остатокот од коњот без некој белег го оставија да го јадат дивите мршојадци и птиците лешинари, трагата од умрениот коњ да изчезни. Кога прашуваш како го добив чинот војвода над војводите, во месец декемвцри во 1922 година војводата од Илинденското востание во 1903 година прилепчанецот Петре Ацев со неговата чета илегално ја поминува бугарско – српската граница, влегува во Македонија и почнува да организира тајно во македонските села и градови комитети на ВМРО.

Кога дојде Петре Ацев во нашите краеви за негова сигурност стално имате пратња од неговите верни другари како Попоски Даме Војводата, Атанас Џамо, Диме Мустре, Павле Кебакоски, Гроздан Шијакоски и други тогашни политички личности. На средбата во с. Лопатица направи нова средба поред лопатичани и со Мојаноски Митре и Танески Петре топчија од с. Бонче со Бешлакоски – Мицески Ѓорѓија од с. Подмол.         

Продолжува

Loading