Со полагање цвеќе на Могилата на непобедените и на споменикот на Методија Андонов – Ченто, делегација од локалната самоуправа предводена од градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Советот, Еленче Ташкоска, го одбележаа Денот на независноста, 8-ми Септември. Букети положија и претставници на Сојузот на борците, политичките партии и граѓански здруженија.
За празникот, се организираа крводарителска акција.