ОД 600 ДЕЦА, ПРИСУТНИ САМО 135

На отворањето на градинките

Според протоколите и заштитни мерки с еотворија вратите на градинските. Во капацитетите за 600 деца, се јавија родителите  кои донесоа за згрижување само 135 деца. Останатите немале обезбедено соодветна документација која не треба да биде постара од 3 дена. Се очекува зголемување на бројот следниве денови.

-Бидејќи  сакаме да го зачуваме здравјето на децата, почетокот е тежок. Извршени се три дезинфекции, дезинсекции и дератизации, обезбедени се сите хигиенски средства, антибактериски сапуни, дезинфекциони бариери… Родителите не треба да се плашат. Наместо 600 деца, прифативме 135. Очекуваме да дојдат уште 200 деца. Се надеваме дека годината ќе биде среќна и успешна – вели Орце Тодоровски, директорот на градинките Наша Иднина.

Има протокол како секое дете да се прими во градинката, односно повеќе протоколи за почитување. Еден е за установата, потоа за воспитно-образовната дејност и третиот е за родителите. Се бара децата да бидат донесени со маски и згрижени со претходно измерена температура. Воспитувачката и негувателката го презема детето во одредено време и го враќа кога ќе каже родителот. Не смее детето да се прима без медицинска документација, потврда од двајцата родители дека не можат да работат од дома и за самохраните родители.

Децата во јаслите треба да бидат по 6, а останатите треба да бидат до 15 во група.

Loading