ПРВА ЗБИРКА НА РАСКАЗИ ОД СНЕЖАНА ПАНОСКА

Snezana panoska,,Приказни од животот,, е првата збирка со 30 раскази од сограѓанката Снежана Паноска.

-Расказите се читаат со внимание за да се долови суштината. Потресни, драматични, измислени или вистинити, реални случувања од животот. Топли, мили, понекогаш многу трогателни, спомени за младоста, за болките, страданијата, за љубовта. Целта не е да се наметнат или станат големи, само претендираат да влезат во размислите и срцето на секој читател. Нема непотребни појаснувања и нафрлања на зборови, а се течни, стегнати со визуелна прецизност. Иако досега објавив пет збирки поезија, среќна сум за првата збирка со раскази – вели Паноска, најавувајќи дека подготвува уште две збирки со поезија, една за возрасни и една за деца.

Паноска е претседател на Клубот на литературни творци. Создава од млада возраст. Има објавено збирките со песни.

Loading