ПОТРАГА ПО АДРЕНАЛИН

Плачковица

manastir plackovica

Иако е милозвучна, питома и тивка, планината Плачковица е редок избор на туристите и авантуристите. Тоа се должи на слабата промоција, покрај посебната дестинација, различна и постојано гостољубива. Планината располага со сместувачки капацитет, но не се искористени. Планинарскиот дом Џумаја е отворен 24/7. Домарот го варди и не дозолува да ,,згасне,, капацитетот за 30 лица. Чека гости со топол радовишки сомун в раце, чија арома се распростила низ пријатниот амбиент. Се проба вкусот на традицијата преку архитектурата на терасите полни со природна свежина.

Асфалтен пат низ густа шума води кон утробата на Плачковица. Не затајуваат пејзажите и панорамите на секое ниво од височината. Бајката да биде комплетна, низ гранките ѕиркаат покривите на викендичките на малата населба. Живописната природа ги загрнала куаќарките во планински стил на 1400 м.

Од планинарскиот дом се организирани тури за прошетка низ врвовите до кои се стигнува по обележани патеки. Може да се обезбеди водич без резервација. Едната патека за атрактивниот врв Лисец се вика Срцето на Плачковица. Летна е, затоа што е подолга. Има тура и за двата врва. Тоа е патеката Смилјанци. Сепак малку е промовирана убавицата која нуди возбуда за љубителите на планината. Рекреативните прошетки се милина за душата и здравјето. Не е нужна силна физичка подготвеност. Очите уживаат во богатството од растителен и животински свет крај многуте потоци и пештери. Плачковица може да се крстари и со велосипед. Одвреме-навреме доаѓаат и странци, планинари, велосипедисти, кампери…

Од врвовите Лисец и Бел Камен се гледа Шара, Пирин, Пелистер, Беласица… Не е доволно за издигање на планинарскиот туризам. Малку луѓе знаат за живописната убавина. Од пештери, само пет се испитани и достапни. Најголема е Големата пештера со истражени 600 м. Предизвик е за спелеолозите. Атракција се и помалите, Ќуп, Ајдучка, Туртел и Понор. Се стигнува по маркирани патеки. Влечат трите клисури, Камник, Козјак и Зрновка, со високи карпи, реки, водопади, преслапи…

Шумите се бујни со бука, бор, елка, липа и разни диви овошја. И печурки. Изобилува вргањ, сончарка, лисичарка… Низ шумските патеки се редат природни садници со малини, шумски јагоди, капини, шипинки, трнинка, дрен, боровинки. Планината мириса од лековитите билки.

vrteska

Тишината понекогаш ја разбиваат моторџии и џипџии. Дури изградиле и дом за дружби за членовите. Планинските пагдини се погодни за крос возбудат.

Плачот на Филип

Легендата се пренесува дека на планината живеела баба со лековита моќ. Друго предание вели дека Филип Втори, таткото на Александар Македонски, го однел кај неа бебето Александар за да го излекува од нападите на плач. Таа му рекла дека плаче поти поседува огромна енергија и со плачење се ослободува од неа. Му предвидела дека ќе стане крал на светот и ќе ја надмине славата на татко си. Филип Втори се расплакал од радост и олеснување. По плачот е крстена планината Плачковица.

Loading