УМЕТНОСТА НЕМА ГРАНИЦИ

Ferdi BulutФерди Булут, уметник

Ферди Булут е млад, но веќе етаблиран уметник, кој експериментира во творештво. Третпат твори на Интернационалната сликарска колонија на Уметничкото лето на ЦСЛУ.

Задоволство му е што станал дел од најстарата ликовна колонија на Балканот, оти преку неа расте креативниот потенцијал со тенденција да се претвори во современ европки уметнички центар. Покрај протоколите низ кој се спроведува Не крие дека на уметничкото лето нема пречка за индивидуално творештво.

-Уметноста не знае за граници. Голема шанса е учеството на колонијата. Возбуден и среќен сум што сум дел во креативниот проект. Со инспирацијата го давам придонесот за мирот и животниот стил во амбиентот на галеријата. Ова е нов предизвик за младите сликари, да се подобриме и да се промовираме. Ме мотивира претставувањето на женската фигура, актови во било која форма, позиција. Жената од сите средини која е постојано во потрага – вели Ферди.

Loading