ИЗЛОЖБА ЛИКОВНИТЕ ПРЕДЕЛИ ОД ДРАГАН НАЈДЕНОВСКИ

Dragan  Najdenovski

Тематската изложба ,,Ликовните предели,, од битолскиот уметник Драган Најденовски ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Уметникот се претставува како модерен автор. Сликите се плод на долга ликовна традиција и сублимат на талентот. Тој се избори за своевиден творечки стил, со кој се отргна од нашата гутенберговска галаксија за врамена шаблонска традиција. Создаде препознатлива и модерна галаксија од слики кои сјаат со посебни нијанси и колорит и пленуваат со убавина и складност.

Делата се масло на платно, молив на хартија, пастели или оние маслени пастели комбинирани со молив на хартија. Музите му создавале исклучителна уметничка вредност, откривајќи го оној, речиси, бестијален и јанѕоносен немир што се крие во неговата душа. Поставено е прашањето: Создадов ли дело или ова се само бои распослани на платно, на хартија? Тој не е свесен дека насликал дела со високи вредности на идното македонско и балканско време. Тие светат уверливо и кога сонцето се помрачува. Симболично и модерно, секоја слика е светлина и реалност, па и апстракност што зрачи.

-Бајковито насликани со филозофско-фантастичен набој и магичен и метафоричен ликоен израз силно и цврсто потпрени на имагинацијата на авторот. Предивикуваат своевиден поетизам, лиризам, естетизам на бои – вели Панде Манојлов.

Најденовски е самостоен уметник, член на ДЛУБ. Имал над 40 самостојни и многу групни изложби. У чесник е на колонии во земјата и во странство. Добитник е на награди и признанија, меѓу кои и наградата 4-ти Ноември за уметност на Битола.

Loading