ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (60)

Ucenici od Marul od 1953-1954

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Живко откако го заврши воениот рок се прежени при крајот на месец септември во 1953 година за осумнаесетгодишната вдовица Неда Стоева од с. Рапеш, битолско Мариово. Новата сопруга на Живко, Неда му донесе шест месечно женско дете со име Живка. Во Марул Живко и Неда направија брак како пред матичар, исто така и пред свештеник. На малата Живка и направија крштевка.

Василе продолжи да спија со баба му се до нивната делба во куќата при крајот на месец февруари во 1957 година. Живко 1930 и Неда во бракот родија едно дете, девојче на 15.02.1955 година, крстено Љуба. Сирачето Василе се здоби со две мајки маштеи. Козата Зорка како доилка и маштејата Неда негователка. Василе израсти момче, се ожени кој има и внучиња.

Малинкоски – Анѓелески Стојков Илија Кадијата од с. Штавица 1898 – 1961 година.

Малинкоски или Анѓелески Стојко со неговата брачна жена Димана имаа четири деца: Аце, Ѓорѓија, Стевка и Илија. Аце Малинкоски млад, неженет оди за на печалба во Америка. На 12 април 1912 година Аце се качува на бродот Титаник од пристаништето во градот Саутхамтон во Англија на пловниот пат за Америка. На половината од изминатиот пат бродот Титаник направи судар со големата санта од дебел мраз во северниот дел на Атланскиот океан, бродот Титаник се преполови на два дела од судирот со сантата мразот, бродот со неколку илјади патници меѓу нив и Малинкоски Аце од с. Штавица остана вечно заедно со бродот во длабочината на Атланскиот океан.

Малинкоски Ѓорѓија оженет за штавичанка ќерка на Велјан Пашоски. Нив му се роди машко дете, го крстија на деда си Анѓеле набргу умираат неговите родители, малиот Анѓеле останува сираче. Сирачето Анѓеле е дадено ранениче во с. Орле кај Ѓорѓијовци. Анѓеле во Орле израстува, се оженува и има потомство од четири негови челади, синови и ќерки: Василка, Драгица, Ѓорѓија и Никола. Сите имаат свои потомства.

1

Сестрата Стевка се омажи во с. Загорани кај Мицковци, има свое потомство, познат е нејзиниот син Коле. Во времето на Првата светска војна есента во 1915 годиа штавичките деца Малинкоски Тодор и Илија, два први братучеди од два браќа, пасејќи ги селските говеда на источната страна од масивот Веслец во равнината викана Бонечка орница. Во еден момент таму се судриле двете војски, српската во отстапување и бугарската во напад, каде имало многу жртви од двете страни.

Од нивните меѓусебни пукотници на оружјата говедарчињата Тодор и Илија Малинкоски се исплашиле, ги оставиле говедата и побегнале дома во с. Штавица. По нив говедата се исплашиле, со рикање си дошле и тие дома во с. Штавица.

Тодор и Илија од тој страотен судар во Бонечката орница ништо повеќе не виделе што се дешавало. Откако завршила Првата светска војна Србите како победници со нејзините сојузници поново се враќаат на власт во вардарска покасно наречена вардарска бановина. Еден ден малинкоските деца Тодор и Илија се повикани од српските власти од џандарите во с. Прилепец на испитување за да кажат кој му го извади златниот саат на отепаниот српски мајор во орницата бонечка под Веслец во 1915 година.    

Продолжува

Loading