Споменичниот комплекс Карпалак посветен на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година е репрезентативен меморијален објект со десет столбови, високи 15 метри кои ги симболизираат десетте животи на загинатите бранители. На врвот има топка, симбол на новиот век, со дијаметар од 3,5 метри изведена од челични прстени. Отворите на топката ја пропуштаат делумно светлината од рефлекторите во неа. Формата и конструкцијата асоцираат на новото време.
Платото околу споменикот односно островот од кружниот тек има зеленило и кружна фонтана со млазници.