ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „ЈОРДАН ЗАЗОСКИ – ЗАЗО“

Вечерва од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе се отвори седмото издание на традиционалната изложба на фотографии ,,Јордан Зазоски – Зазо,, организирана од Фото кино клубот Прилеп. Ќе може да се видат 62 фотографии од 57 автори. Делата покажуваат во која насока одат заложбите на клубот кај уметничката фотографија и колкав е напредокот во изминатата година.

– Се претставуваат многу нови автори, од кои се очекува да бидат движечка сила на клубот. Преку работилници, тие стекнаа знаења за создавање на уметничка фотографија и веќе се градат како препознатливи автори – велат од клубот.

Изложбата ќе се одвива според протоколите за културни настани. Во еден момент ќе присуствуваат до 20 посетители со маски. Ќе им биде мерена температура и ќе ги дезинфицираат рацете.

Loading