ИСТРАЖУВАЊА КАЈ СТАРО БОНЧЕ

staro bonce

На локалитетот Старо Бонче во полн ек се археолошките истражувања, водени од д-р Антонио Јакимовски. Археолозите се насочени кон владетелската гробница од македонски тип на локацијата Павла Чука.

-Локалитетот е голем тумул, под кој во раната антика имало оформена гробница составена од дромос, всечен во карпа, со блокови од над четири тони поврзани меѓу себе. Од дромосот се влегува во преткомората и комората, зачувани во висина од два метри. За жал, гробницата била ограбувана многупати во минатото. Затоа досега не се откриени наоди за хронолошко и типолошко детерминирање – вели Јакимовски, посочувајќи дека според одредени аналогии, гробницата датира од последната четвртина на 4 век п.н.е.

Се истражува западно од отворениот дел од дромосот, каде лани беше пронајден исклучително значаен материјал од средниот век. 

Loading