ПОБЕДА НЕ ОДИГРА МЕЧ ПО 137 ДЕНА

Фудбал

Како меѓу двете светски војни кога се чекало со месеци на нов фудбалски настан, и сега настан е кога ќе се одигра барем пријателски меч. За жал, пропадна пријателскиот меч на Победа со Црнобуки од Третата лига Запад по пауза од 137 дена. Мечот е одложен поради недоаѓање на судиите. Двете екипи попусто чекале на теренот, но судиите не се појавиле. Следна шанса за контролен натпревар е в среда со Кожув во Гевгелија, по 7 март, откако Победа дома со 0:2 загуби од штипска Брегалница.

Планирани се дуели со Осогово во Крушево и со други противници.

Играчкиот кадар е безмалку истиот што беше до прекинот, со можност за приклучување младинци.

Инаку, покривањето на теренот на стадионот со базје треба да заврши за ден-два.

Loading