СПОЈ НА КУЛТУРАТА И ДУХОВНОСТА

Марков манастир кај Скопје

Markov manastir 1

На 20-тина од Скопје, кај селото Маркова Сушица, сместен во живописен пејсаж, со векови опстојува Марковиот манастир со црква посветена на Св. вмч. Димитриј Мироточив. Манастирот, кој го добил името по Крале Марко, е една од најголемите градби од владеење  на Марко. Активен е  и ден денес.

Уште однадвор, импозантниот комплекс кани за откривање на скриените богатства. Портата искована од масивно дрво води кон дворот со црквата, градена во 1345 г. Во дворот, восхитуваат прекрасните конаци распоредени како венец околу црквата. Комплексот го красат и камбанарија, помала црква, посветена на Св. Апостол Марко, музеј, галерија за икони, фурна, казани за печење ракија, бунар со студена вода и мошне стара воденица, сочувана како сеќавање на времето кога житото се мелело на таков начин. Секој е добредојден да се помоли и да слушне убави зборови за историјата на манастирот.

Духовно жариште воедно е и книжевно – просветен центар. Со времето, манастирот стекнал богат имот и се здобил со големо културно-историско богатство, стари икони, стари ракописи и книги, многу црковни предмети и реликвии. Манастирот е актив. Суштествува женско монашко сестринство. Во дворот има и бунар со подземна вода, мини музеј и галерија со икони.

Markov manastir 2

Сместен по долината на Маркова Река, манастирот е најпривлечно излетнички места во околината. Уникатен го прави местоположба. Затскриен е под пазувите на дрвјата, нудејќи питома средина, во комбинација со свежината од реката, зеленилото и сончевите зраци. Маѓепсаат шумските патеки прекриени со лековити билки, низ кои додека се чекори и се искачува, постојано следат дебела сенка, опоен мирис и жубор на реката. Реткиот бисер е совршено место за одмор, релаксација и душевен мир. Таму се стекнуваат спомени за долго паметење, уживајќи во културно-историските знаменитости и убавини на волшебното место. Мирот е бесценет.

Наместо да го извади оловниот покрив, го реновирал

Преданието говори дека во реновирањето на манастирот учествувал и скопскиот заповедник Хавзи Паша. Тој тргнал кон манастирот со мисла да го извади оловниот покрив од црквата и да го претопи во куршуми. Изморен од долгиот пат, во близината легнал да се одмори и заспал. На сон му се јавил војник, облечен во златна одора и јавајќи на коњ, и го застрашувал со долгото копје. Исплашен, пашата се прашувал кој е тој воин што сакал да го убие. Во црквата ја видел фреската на Св. Димитриј. Го препознал воинот од сонот и се откажал од намерата. Наместо да го извади оловниот покрив, го реновирал манастирот и на црквата и доградил трем.

Markov manastir 3

Има друга приказна. Еден бег,за време на своете владеење, наредил да го урнат манастирот. По некое време, ќерка му се разболела. Еден човек му рекол на бегот. “Изгради го манастирот пак”. Бегот повторно го изградил и ќерка му оздравела…

Престојувал Кирил Пејчиновиќ.

Марковиот манастир е значајно културно-просветен и книжевни центар во минатото. Манастирски ракописи се среќаат во познати светски музеи и библиотеки. Ги има во Државниот историски музеј во Москва, Виенската национална библиотека, Хрватската академија на науките и уметностите, Белградската библиотека и Државната библиотека во Софија. Истата судбина ги следела и големиот број на уметнички предмети, чувани во манастирската црква. Манастирот го добил името по популарниот јунак Крале Марко. Црквата Св. Димитрија е градена во 1345 г. Сведок се натписот над јужната врата од црквата. Таа била обновена од кралот Волкашин, а наполно завршена и живописана од син му Марко (меѓу 1366 и 1371-72 година). Во 19 век игумен бил македонскиот преродбеник и книжевник Кирил Пејчиновиќ.

Markov manastir 4

Монашкиот живот во Марковиот манастир бил доста активен. Игумени во 19 век биле македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ (од 1801 до 1818 г.) и Герасим Бочович во 1831 г.

Markov manastir 5

Loading