„ПЕЈЗАЖНИ ДАСЦИНАЦИИ 20“ ВО ЧИФТЕ АМАМ

Атанас Атанасоски во Скопје

delo od atanas atanososki

Уметникот со светско реноме од Прилеп, Атанас Атанасоски го уреди галерискиот простор во Чифте амам во Скопје со проектот ,,Пејзажни фасцинации 20,,. Ова е нова инсталација, која публиката ќе може да ја проследи он лајн. Проектот е во реализација на Националната галерија на Македонија, а онлајн следењето на изложбата ќе биде проследено со информации, фотографии, видеа и разговори.

Со идејата на новото дело Атанасоски се надоврзува на претходните проекти, во кои концепцијата се темели на монохромијата, минимализмот, математиката, геометријата. Целта е да се бараат естетиката на хармонизирање на соживотот меѓу природата и човекот, нешто што и по најновата криза низ која минува човекот со пандемијата на Ковид-19 се покажа како особено нужно.

Од културната стратиграфија, како инспиративен момент се пејзажните фасцинации, кои и претходно биле својствен мотив за творечки сензибилитет. Како претходните проекти, спецификата е препознатлива по материјалите за моделирање на делата, колоритот и структурата, но и формата, која секогаш има да пренесе некаква симболика.

Многубројните варијанти на трнлива вегетација, која ја има во изобилство во неговата непосредна близина, се еден од основните модули со кои Атанасоски ја гради структурата. Трнливата вегетација е погоден материјал, оти по бербата ги задржува цврстата структура и колорит. Нуди можност за пристап кон уметничкото изразување, кое поради растечките еколошки и социјални проблеми станува сé порелевантно и социјално ангажирано.

-Формата на трнот е мошне актуелен симбол на вирусот, кој ја нападна нашата планета и го смени начинот на нашето функционирање и општење. Оваа сличност е сосема случајна и нетенденциозна. Просторот во Чифте амамот, со својата специфична архитектонска градба со богатата архитектонска пластика, и во овој случај, ќе претставува инспиративен предизвик. Ја прифатив уметноста, која претставува сé, господар на универзумот, í се восхитувам на нејзината големина, а јас сум само дете што игра на земјата и на ѕвезденото небо – вели уметникот Атанасоски.

Loading