ДВЕ СОСТОЈКИ ЗА ПУШАЧИТЕ

pusacИако им се препорачува на сите пушачи, овој напиток е добар за сите кои имаат проблем со воспалено грло и кашлица. Ѓумбирот како главен чувар на здравјето, си најде одличен сојузник, црниот пипер во зрно. Комбинацијата е природен лек за отстранување на вишокот на слуз во белите дробови и за општо подобрување на дишните патишта. Густата слуз предизвикува непријатна и иритантна кашлица. Витамините и силниот вкус овозможуваат за неколку дена ослободување од слузта и мирно и лесно дишење.

Потребни се 600 мл. вода, 2-3 лажици рендан или сечкан ѓумбир и 1 лажичка црн пипер во зрно. Состојките се ставаат во зовриена вода, поклопени и се оставаат на умерен оган да се варат десетина минути. Потоа се трга од огнот и се остава малку да се излади. Се процедува и се засладува со малку мед по вкус. За побрзо дејство се пие по 3-4 шолји од напитокот дневно.

Loading