УРГЕНТЕН ЦЕНТАР В БОЛНИЦА

Urgenten 1

Новиот ургентен центар во болницата од 1 јули ќе работи 24 часа. Има две ургентни амбуланти, сала за реанимација, асептична сала за мали интервенции, дневна болница со шест бокса комплетно опремени со апарати и услови за обсервација и терапија. Поврзан е со одделението за радиологија. Специјалистите и со другите РТГ апарати и со новиот современ апарат ќе може електронски да ги видат наодите од пациентите. Во салата за реанимација ќе се примаат пациенти во животно загрижувачка состојба за итен медицински третман и каде е неопходно веднаш да се спроведе реанимациона постапка, односно итна медицинска помош. По потреба би учествувале и стручни лица од одделот за интензивна нега и реанимација! Во дневната болница пациентите ќе престојуваат период до стабилизација на нивната состојба. Ќе се прават и потребните дијагностички постапки и интервенции, соодветна терапија, мониторирање и преземање мерки за хоспитализација. Ургентниот центар располага со безбеден медицински транспорт со комплетно опремени амбулантни возила со искусни професионални возачи и здравствен и помошен персонал, внимателно одбран и со помината доедукација за ургентни состојби.

Urgenten 2

Loading