НИКОЛОСКИ ДЕБИТИРА СО ЛАНСИРАЊЕ НА ХИТ

filip nikoloski

Насловот е ,,Тебе те нема,,. Тоа е првата песна на младиот и надарен Филип Николоски во атрактивна хармонија и танц ритам, која по се изгледа дека веќе ги освојува љубителите на модерната македонска мелодија. Особено летово, надежниот интерпретатор ќе претендира да лансира хит на сезоната по клубовите, бидејќи песната е лесна, певлива и брзо влегува во ушите кај повеќе генерации. Уште на стартот предизвика бура на слушаност, а и гледаност со спотот на Пилоски продукција.

Дебитантот Николоски пее од прво одделение. Посетувал основно музичко училиште. Свири на пијано и електронски клавијатури.

-Спонтано се создаде песната од разговор со Рубин Димкоски. Планирам нови авторски песни, па и концерти, здравје Боже – вели Николоски.

Во креацијата му помогнале со текстот Гоце Илиески – Балада и Рубин Димкоски, аранжман.

Loading