ИСТРАЖУВАЊА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Институт за старословенска култура

Како дел од активностите на Институтот за старословенска култура, Д-р Владимир Караџоски го реализира проектот од литературата и издавачката дејност ,,Фолклорни и етнографски теренски материјали,,. Паралелно се подготвува заштитата на недвижното културно наследство на локалитетот Кале – Стрезов град кај селото Челевец кај Демир Капија, под водство на м-р Орданче Петров. Дел од годинашната програма на Институтот е 3Д моделирање на пет археолошки локалитети во земјава под раководство на м-р Христијан Талевски. Активни се и проектите од музејската дејност и заштитата на нематеријалното културно наследство како археолошките истражувања на локалитетот Маркови Кули – Градок кај селото Манастир во Мариово под раководство на д-р Бранислав Ристески. Се работи и на истражувања на локалитетот Дрма Бадер со д-р Бошко Ангеловски.

Се подготовуваат содржините за одбележувањето на 40 годишнината од Институт за старословенска култура. Одбележувањето ќе биде следните месеци.

Проектите се финансиски поддржани со програмата на Министерството за култура за 2020 година.

Loading