ПРИЛЕПСКИ МУЗИЧАРИ ВО МЕЃУНАРОДНИ ПРОЕКТИ

dukoska i

Виолончелистката Дукоска и виолистот Трајаноски во шкотски ансамбл

На покана од Ансамблот Невис од Шкотска, двајцата наши музичари Андријана Дукоска (виолончело) и Љупчо Трајаноски (виола), познати како Дуо Дабл стринг се дел од музичко патување како претставници на нашата земја. Двајцата заеднички и посветено се подготвуваат за  големиот, меѓународен проект.

Оркестарот Невис од Шкотска, чија визија е музика за секого, секаде, насекаде, е ансамбл со преку 200 настапи пред околу 25.000 луѓе низ цела Шкотска. Сега работи на глобален проект со вклучување на музичари од целиот свет со обработка на песната ,,Auld Lang Syne,,. Оваа композиција се пее на новогодишната ноќ, а во Шкотска на разни прослави, свадби и тн.

– Во ансамблот членуваат амбициозни музичари кои вклучуваат повеќе творци од секоја земја во светот. Чест ни е што ќе настапиме заедно –  вели Дукоска.

Љупчо Трајаноски паралелно работи и на глобален проект од Израел во обработката на операта Набуко од Џузепе Верди.

– Проектот е наречен Музичка солидарност”. Во овие тешки животни ситуации, со кои се соочуваме сите во светот, единствен начин на поврзаност, меѓусебна поддршка и соработка е социјалната солидарност. Тоа е морален феномен што го изразува генералниот став на хуманоста, единството на интереси, взаемната помош, разбирањето, реципроцитетот, а најдобро се практикува и искажува преку заедничка одговорност. Музиката е бегство од реалноста. Музиката има моќ и може да го промени светот, бидејќи е естетска реалност – вели тој.

Loading