СТО ТАБЛЕТИ ЗА СТО СИРОМАШНИ УЧЕНИЦИ

ELS 0835

Општината распредели 100 таблет компјутери, донација за учениците од основните училишта. Станува збор за донација на тетовското семејство Дестани преку компанијата Еколог. Таблет компјутери добиваат ученици, чии семејства се од социјално ранливите категории во седумте основни училишта во градот и во трите училишта во селата Тополчани, Мало Коњари и Канатларци, според бројот на запишани ученици.

Распределбата се вршеше со примена на протоколите и препораките на за заштита од коронавирусот.

Loading