ПОЛАГАЊЕТО НА ИСПИТИ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО

На Економскиот факултет

Со утврдени термини, се почитуваат протоколите оти има простор за дистанца

Околу 700 студенти на Економскиот факултет ги полагаат колоквиуми со физичко присуство, како што се изјаснија според анкетите и според соодветниот простор во амфитеатрите.

Дневно се полага во три термини: наутро во 8.30, во 11 и во 13.30 часот. Според Христина Нунеска од Студентскиот парламент, се почитуваат мерките и студентите се задоволни од текот колокфиумската на сесија до 15 јуни.

– При влезот има дезинфекција на обувките, на рацете, мора да се носат заштитни маски и ракавици. Во амфитеатрите сме на дистанца од најмалку два метри. Имаме колеги и од другите градови. Тие доаѓаат на испити безбедно. Задоволни сме од текот на сесијата со физичко присуство и со безбедноста. Доволно научивме преку интернет наставата последниве три месеца – вели Нунеска.

Некои студенти се скептични. Немаат забелешка на мерките за заштита, туку се за полагање преку интернет зашто голем бројот се заразените со коронавирусот.

Продеканот за настава Димитар Николоски објаснува дека студентите ги знаат протоколите, а Факултетот има доволно простор за одржувањето на испитите со физичко присуство.

– Студентите преку анкети се изјаснија за физичко присуство за полагањето на испити во јунската сесија. Има доволно просторни услови за  запазување на протоколите и за физичка дистанца. Нема навалица. Дневно има три термини за полагање. Колоквиумската сесија е до 15 јуни, а од 20 јуни е полагањето испити за сите кои не положиле колоквиуми. Сесијата ќе трае до 15 јули, или две недели повеќе од вообичаениот термин. Така наложија состојбите – објаснува Николоски.

Loading