ЦВЕТЕН ДРВЕН ВОЗ

CIMG3021

Воз со дрвени вагони натоварени со цветови го краси просторот околу градскиот саат. Создадена е уникатна кутија за цвеќиња која му дава шмект на просторот. Наместо во пластични или глинени саксии, цвеќето во дрвените жардинери се вклопува во зелената атмосфера и го прават паркот околу саатот уште поубав.

Идејата е креативна и едноставна. Дрвените трупци наместо да горат, се ,,дом,, за шарени цвеќиња кои ѕиркаат од нив. Искористени се  стеблата. Трупецот од пресечено дрво претворен во модерно и уникатно решение. Композицијата е воз. Издлабените трупчиња наполнети се зо земја и во нив се засадени цвеќињата. Може да се преместуваат во било кој дел од паркот. Се вклопува во амбиентот.

Исеченото стебло, не стана материјал за огрев, туку уникатна и природна декорација! Наместо воз во снег, имаме воз со цвет!

Loading