НЕМА КОЛЕКТИВНИ ТРЕНИНЗИ

Фудбал

Ништо од очекувањата дека со затоплување на времето ќе продолжат фудбалските активности таму каде што застанаа пред 13 март. Деновиве уште немаше колективни тренинзи на второлигашот Победа. Се чека дозвола. Така, преостанува секој фудбалер сам да вежба, исто како претходните 70 дена. Додека е така, се очекува одлука на Фудбалската за првенството. Кога ќе продолжи и дали воопшто ќе продолжи, дали ќе нема отпаѓање? Она што се спомнаа датумите 6 и 7 јуни за старт на првенствата, ќе остане неостварена желба. И прволигашите одржаа состанок, но не донесоа конкретно решение.

Се чека и најавената работа на теренот од стадионот ,,Гоце Делчев,,.

Loading