ТРЕНИНЗИ ВО УЧИЛИШТЕН ДВОР

Борење

Меѓу првите клубови во градов, што продолжуваат со колективен тренинг, е Борачкиот клуб 7 Мај Леов. Такви активности имаат веќе десетина дена. Наместо в сала, работата е надвор, во дворот од ООУ ,,ГоцеДелчев,,.

– Некаде 17-18 борачи доаѓаат на тренинзите. Едни се претпладне, други попладне, зависно од училишните обврски кон он-лајн предавањата или тестовите. Вежбите се за кондиција, одместо и низ истрчување кругови. При тренинзите внимаваме да го има нужното растојание од два – три метра меѓу борачите. Поради ризикот од вирусот и натаму ќе избегнуваме вежби во двојки, за борба. Здравјето мора да го чуваме – вели тренерот Саше Игнатовски.

Откажани се многу натпревари, а уште постои надеж дека ќе има Балканијада и турнир ,,Љупчо Црвенкоски,,. 

Loading