СО ТОПЛОТО ВРЕМЕ СЕ ПОЛНАТ ИГРАЛИШТАТА

– Сограѓаните се ,,гладни,, за физички активности

SLIKA REKREATIVCI

Додека професионалните и аматерските спортисти уште нетрпеливо чекаат дозвола за колективни тренинзи во своите клубови, неформалните спортисти – рекреативците први излегоа надвор. Доста беше седење дома. Повеќе не се издржува внатре. Ако ги гледаме нив, рекреативците, блиску е денот кога ќе се прогласи победа над коронавирусот.

Низ градот, а и во околината, рекреативците секојдневно може да се видат. Некои шетаат, пешачат низ улиците за здравје. Малкумина носат маски на лицето. Како ли само издржуваат – физички напор низ маска која тука е да штити од вируси, но притоа колку ли го отежнува дишењето чист воздух? Останатите маските ги тргнале настрана додека пешачат, трчаат, вежбаат. Некои видовме со велосипеди низ градот. Други со велосипеди возат на подолги релации надвор од градот. Секој ден, секој тера своја ,,шема,,.

На фудбалското игралиште со вештачка тревана местото близу типските куќи, кај некогашната Зоолошка градина беше полно, главно со млади луѓе. Едни во група си додаваат топка, други истрчуваат во кругови околу теренот. Така целото попладне, до мрак. Разбравме дека некои прво биле на друго игралиште, но откако таму им побарале пари да рекреираат, дошле тука каде е бесплатно. Рекреативци има и до игралиштето, на справите за вежбање. Тука има и клупи за тие што сакаат само да гледаат или со некого да разговараат.

Времето е прекрасно, и штета е да не се искористи.

Loading