МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НА ПОТЕГ ЗА НОВИОТ ТЕАТАР

idejno resenie za nov teatar

Со носењето на деталниот урбанистички план на општинскиот совет се создадени услови за продолжување на постапката за изградба на нов театар.

– Со одлуката на општинскиот совет заврши процедурата што ја спроведе општината. Идејниот проект го имаме. Сега не зависи ништо од општината. На потег е Министерството за култура. Може да се примени тој идеен проект или да се направи нов. Министерството за култура следната година треба да оддели средства за изградба на новиот театар. Кога ќе се направи основниот проект ќе се знае колку ќе чини градбата. Според мене, повеќе милиони евра. Ќе притискаме, ќе лобираме да се изгради театарот. Тоа е мојата заложба – вели градоначалникот Илија Јованоски.

Новиот театар, според идејното решение ќе биде дел од ЦК ,,Марко Цепенков,,. Зафаќа дел од просториите на постоечкиот дом. Односно дел од поранешниот ресторан, повеќенаменската галерија, сегашното Арт кафе, киното Мис Стон и подрумските простории на некогашната дискотека.

Loading